За Проектот

 

Струмица е една од економски поразвиените општини во југоисточна Македонија, позната по земјоделство, прехранбена индустрија и растечка услужна економија. Но, и покрај тоа, младите се соочуваат со сериозни предизвици при нивната економска интеграција.

Општина Струмица се соочува со сериозен предизвик – висока младинска невработеност од 36,7%, што е значително над националниот просек (27.5%) и претставува сериозен социо-економски предизвик.

Оваа состојба е резултат на ограничена диверзификација на економијата, силна зависност од сезонско земјоделство и туризам, како и недостиг на системска поддршка за младинско претприемништво. Последиците се масовна миграција на младите, губење на креативен потенцијал и намалено активно граѓанство. Со ова младите се директно засегнати – живеат во средина со ограничени можности, но покажуваат висока мотивација и подготвеност за промена доколку добијат поддршка.
Сепак, постојат и значајни можности: развој на зелени и иновативни социјални претпријатија (органско земјоделство, рециклажа, еко-туризам), инклузија на ранливи групи и партнерства со локалната самоуправа и бизнисите.
Преку формирање младински хаб, како „GreenHUB4IDEA“сакаме да ги потикнеме младите да направат промени во општеството, да се здружат околу некоја идеја односно хабот да биде место каде што ќе доаѓаат луѓе со идеи.
Дополнително младите ќе добијат пристап до обуки, менторство и мрежи што ќе им овозможат да ги претворат своите идеи во одржливи социјални претпријатија, со што ќе се намали невработеноста и ќе се промовира зелената агенда

Во проектот „GreenHUB4IDEA“ потенцијални учесници се млади лица (15 –29 години) од Општина Струмица и од останатите општини од југоистокот, со акцент на ранливи категории – жени, Роми, лица со попреченост и долгорочно невработени млади.
Оваа целна група ја одбравме бидејќи тие се најпогодени од високата стапка на невработеност (36,7%) и имаат ограничен пристап до можности за работа и развој.
Во проектот ќе бидат вклучени и средношколци од Општина Струмица (ученици од трите средни училишта: СОУ „Јане Сандански“, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Влахов“), бидејќи средношколците се на прагот на влез на пазарот на труд и претставуваат клучна група за рана едукација во областа на претприемништво и зелени вештини

Работилница бр. 3 – Циркуларна економија

Во просториите на GreenHUB4IDEA на 13.03.2026 год успешно се одржа работилница посветена на циркуларната економија, на која присуствуваа ученици од средните училишта во Струмица. Работилницата е дел од серијата едукативни активности кои имаат за цел да ги подготват младите за претстојниот натпревар за зелени бизнис идеи. За време на работилницата, учесниците имаа можност да се запознаат со концептот на циркуларната…

ЈАВЕН ПОВИК За прибирање на понуди за набавка на лаптоп компјутери

ЈАВЕН ПОВИК За прибирање на понуди за набавка на лаптоп компјутери Во рамки на проектот „GreenHUB4IDEA“, се објавува јавен повик за прибирање на понуди за набавка на: 2 (два) лаптоп компјутери кои ќе се користат за потребите на проектните активности. Минимални технички карактеристики: Процесор: Intel Core i5 или еквивалентен RAM: минимум 8 GB SSD: минимум 256 GB Екран: минимум 15…

Работилница бр.2 – Дигитален маркетинг

Во рамки на активностите на GreenHUB4IDEA, успешно се одржа работилницата за Дигитален маркетинг, како важна подготовка за претстојниот натпревар за зелени бизнис идеи. Целта на оваа работилница беше младите да стекнат практични знаења и алатки кои ќе им помогнат своите зелени и социјални бизнис идеи да ги претворат во препознатливи и конкурентни иницијативи на пазарот. Што научија учесниците? Основи на…




GREENHUB4IDEA е дел од проектот ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.