ПОКАНА ЗА РАБОТИЛНИЦА

🚀 Дигитален маркетинг за зелени бизнис идеи

Драги млади претприемачи и идни иноватори,

Ве покануваме да бидете дел од интерактивната работилница за Дигитален маркетинг, која ќе се одржи на:

📅 27.02.2026 (петок)
🕚 11:00 часот
📍 Просториите на GREENHUB4IDEA – Струмица

Оваа работилница е дел од подготовките за натпреварот за зелени бизнис идеи и има за цел да ви помогне:

✔ Да научите како ефективно да ја промовирате вашата бизнис идеја
✔ Да изградите препознатлив бренд со социјално и еколошко влијание
✔ Да користите социјални мрежи како алатка за раст и видливост
✔ Да ја претставите вашата идеја убедливо пред жири-комисија и потенцијални партнери

Работилницата ќе биде практична, интерактивна и насочена кон реални примери и алатки кои можете веднаш да ги примените.

Проектот е дел од: ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Македонија’, имплементиран од Младински Сојуз – Крушево, во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршка на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Македонија – ИПА програма за граѓанско општество 2022–2023.

Tags:

Leave a comment