Во рамки на проектот GreenHUB4IDEA, објавуваме јавен повик за ангажман на веб дизајнер (фриленсер или правно лице) за изработка на модерна, функционална и кориснички ориентирана веб-страница.
Задачи и одговорности:
-Дизајн и развој на веб-страница за проектот
-Креирање современ и визуелно привлечен дизајн
-Соработка со проектниот тим при финализација на содржината
Потребни квалификации:
-Искуство во веб дизајн и/или веб развој
-Портфолио со претходно реализирани проекти
-Способност за навремена и квалитетна испорака
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да достават:
-Кратка биографија или опис на искуство
-Линк до портфолио
-Мотивационо писмо
Апликациите се доставуваат најдоцна до 26.01.2026год на www.proagrodarmeri@yahoo.com, со назнака: Апликација за веб дизајнер, или директно во канцеларијата на ПроАгро Фармери.
#GreenHub4Idea е дел од проектот ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.

