Проектот ќе донесе јасно мерливи резултати и ќе креира долгорочна додадена вредност за младите и заедницата во Општина Струмица преку:
P1. Формиран локален „GreenHUB4IDEA“ – иновативен хаб за младинско социјално претприемништво со фокус на зелената агенда и инклузивност.
Р3. Реализиран натпревар на бизнис идеи со развиени најмалку 10 бизнис идеи за социјални претпријатија.
Овие резултати од проектот директно ќе одговараат на локалениот проблем – високата младинска невработеност (36,7%) и недостигот на перспективи, преку создавање на нови можности за самовработување и инклузија, додека пак социјалното претприемништво ќе се промовира како алатка за економско јакнење при што младите ќе бидат поттикнати да решаваат локални социјални и еколошки предизвици.
Дополнително резултатите ќе допринесат и за исполнување на дел од зелената агенда на ЕУ, со развој на идеи за одржливост, циркуларна економија, управување со отпад и еко-иновации, што ќе ја зголеми конкурентноста на младите.
Овој проект има капацитет да донесе вистинска промена во локалната заедница, бидејќи комбинира млади луѓе, локални ресурси и европски приоритети, заедно создавајќи нови можности за вработување, иновации и социјална инклузија во југоистокот од државата
