Одржана првата работилница за зелени технологии и циркуларна економија во рамки на GreenHUB4IDEA
Во рамки на проектот GreenHUB4IDEA, успешно се одржа првата работилница посветена на зелените технологии и нивната улога во одржливиот локален развој.
Оваа активност имаше за цел да ја зголеми свеста и практичните знаења кај младите за значењето на зелените технологии и циркуларната економија како клучни двигатели на иновации, нови работни места и одржлива економија, во согласност со Европската зелена агенда.
📍 Со оглед на тоа што Струмица е општина со силна земјоделска економија, учесниците дискутираа како локалните ресурси и предизвици можат да се претворат во можности за зелени бизниси и социјални претпријатија.
Главниот фокус на иваа работилница беше посветен на:
-Вовед во зелени технологии и нивната практична примена во секојдневието и бизнис секторот
-Примери на успешни зелени стартапи и социјални претпријатија
-Разговор за потенцијалот на младите да бидат носители на зелената транзиција
Учесниците активно дискутираа за решенија кои:
✔ Ја намалуваат потрошувачката на ресурси ✔ Ја зголемуваат енергетската ефикасност ✔ Креираат нови можности за самовработување
Со оваа обука, младите стекнуваат основа за развој на зелени и одржливи бизнис идеи и се поттикнуваат да ги интегрираат принципите на циркуларната економија во идните социјални претпријатија.
Проектот е дел од: ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Македонија’, имплементиран од Младински Сојуз – Крушево, во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршка на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Македонија – ИПА програма за граѓанско општество 2022–2023.