Во рамки на активностите на GreenHub4Idea, се објавува јавен повик за ангажирање на 3 предавачи/ментори за одржување на по 2 менторски сесии во следните области:
🔹 Социјално претприемништво
🔹 Зелени технологии и одржлив развој
🔹 Дигитален маркетинг и брендирање
Избраните предавачи ќе реализираат:
-
по 2 интерактивни менторски сесии (работилници/консултативни средби)
-
Практична поддршка на млади учесници при развој на бизнис идеи
-
Насоки за унапредување на одржливи и иновативни концепти
Сесиите ќе бидат организирани во просториите на GreenHub4Idea (касарна)

Потребни квалификации
-
Релевантно образование или докажано практично искуство во областа
-
Минимум 3 години професионално искуство
-
Искуство во работа со млади, стартапи или граѓански организации
-
Комуникациски и фасилитаторски вештини
Потребни документи
-
Кратка биографија (CV)
-
Предлог-концепт за реализација на менторските сесии (до 1 страница)
-
Референци или портфолио (доколку има)
Рок за аплицирање:
до 08.02.2026год
Апликациите да се достават лично во просториите на Проагро Фармери или на proagrofarmeri@yahoo.com
Цел на повикот
Да се обезбеди стручна менторска поддршка за млади лица кои развиваат иновативни и одржливи бизнис идеи, со фокус на зелена економија и социјално влијание.
📌 Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Проектот е дел од: ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Македонија’, имплементиран од Младински Сојуз – Крушево, во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршка на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Македонија – ИПА програма за граѓанско општество 2022–2023.
Tags: