Проектот ќе донесе јасно мерливи резултати и ќе креира долгорочна додадена вредност за младите и заедницата во Општина Струмица преку:
Натпреварот за бизнис идеи ќе создаде конкретна алтернатива за младите – можност самите да генерираат работни места преку развој на социјални претпријатија.
Со овој натпревар, младите ќе добијат структурирана поддршка преку обуки, менторство и мини-грантови (награди за најдобрите идеи) за нивна реализација.
Преку натпреварот ќе се стимулираат идеи кои ќе одговорат на локалните проблеми со одржливи бизнис решенија и ќе се зајакне улогата на младите како активни чинители во локалниот развој.
Натпреварот нема да биде само еднократен настан, туку процес кој ќе создаде трајна додадена вредност. Ќе се развијат најмалку 10 социјални бизнис идеи од 10 тимови со реален потенцијал за влијание, додека трите најдобри идеи ќе добијат финансиска и менторска поддршка што ќе го зголеми нивниот капацитет за реализација.
Бизнис идеите ќе бидат претставени пред жири составено од претставници на бизнис секторот и граѓанските организации.
Критериумите за избор ќе бидат: иновативност, социјален и еколошки импакт и изводливост на идејата.
Најдобро оценетата идеја ќе добие 200€, втората 150€, а третата 50€, како и дополнителна менторска поддршка од претставници на бизнис секторот.
Прогласувањето на најдобрите идеи ќе биде завршен настан на проектот, придружен со презентација на резултатите и реализираните активности.
Со реализацијата на овие активности, Струмица ќе добие прв локален хаб за младинско социјално претприемништво, кој ќе продолжи да функционира и по завршувањето на проектот.
Преку проектот, повеќе од 100 млади ќе се запознаат со концептот на социјално претприемништво и ќе стекнат практични искуства.
„GreenHUB4IDEA“ ќе обезбеди директна поддршка за младите на нивниот пат кон вработување и самовработување и ќе ја промовира зелената економија како двигател на одржлив локален развој.
GREENHUB4IDEA е дел од проектот ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.
