Ве покануваме на 13.02.2026г да бидете дел од инспиративна и интерактивна работилница на тема „Зелени технологии и циркуларна економија“, која ќе се одржи во GREENHUB4IDEA.

Работилницата има за цел да ги доближи концептите на одржлив развој, иновативни зелени решенија и можностите што ги нуди циркуларната економија за младите претприемачи.
Ќе дискутираме за:
🔹
примена на зелени технологии во бизнисот
🔹
модели на циркуларна економија
🔹
развој на одржливи бизнис идеи
🔹
можности за социјално претприемништво

Проектот е дел од:
‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Македонија’, имплементиран од Младински Сојуз – Крушево, во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршка на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Македонија – ИПА програма за граѓанско општество 2022–2023.

 

📅 Датум: 13.02.2026
📍
Локација: GREENHUB5IDEA
⏰ Почеток: 11.30 часот

Tags: