Во рамки на активностите на GreenHUB4IDEA, успешно се одржа работилницата за Дигитален маркетинг, како важна подготовка за претстојниот натпревар за зелени бизнис идеи.
Целта на оваа работилница беше младите да стекнат практични знаења и алатки кои ќе им помогнат своите зелени и социјални бизнис идеи да ги претворат во препознатливи и конкурентни иницијативи на пазарот.
🔹 Што научија учесниците?
✔ Основи на дигитален маркетинг и брендирање
✔ Креирање ефективна онлајн стратегија
✔ Користење на социјални мрежи за промоција на зелени бизниси
✔ Развој на пораки со социјално и еколошко влијание
✔ Како да ја претстават својата идеја пред публика и инвеститори
Посебен акцент беше ставен на тоа како зелените бизнис идеи можат да изградат силен идентитет и доверба кај заедницата преку транспарентна и одговорна комуникација.
GreenHUB4IDEA продолжува да биде место каде што ги зајакнува младите во Струмица со знаења и практични вештини што создаваат реални можности за самовработување, иновации и одржлив локален развој.
🌍 Заедно градиме зелена и претприемачка иднина!
Проектот е дел од: ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Македонија’, имплементиран од Младински Сојуз – Крушево, во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршка на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Македонија – ИПА програма за граѓанско општество 2022–2023.
Tags:

Leave a comment