Во рамки на проектот „GreenHUB4IDEA – Центар за младинско социјално претприемништво“, на ден 27 март 2026 година во просториите на GreenHUB4IDEA во Струмица успешно се реализираше работилница на тема социјално претприемништво. Оваа активност беше дел од подготвителниот процес за претстојниот натпревар за зелени бизнис идеи, со цел да им се овозможи на младите учесници да стекнат основни знаења и вештини за развој на одржливи и општествено одговорни бизниси.
На работилницата учествуваа ученици од средните училишта во Струмица, кои покажаа висок интерес и активно учество во дискусиите и практичните вежби. Преку интерактивен пристап ги запознав учесниците со клучните концепти и принципи на социјалното претприемништво.
Во текот на работилницата беа опфатени следните теми:
-
Вовед во социјално претприемништво и неговото значење за локалниот развој
-
Разлики помеѓу традиционален и социјален бизнис модел
-
Примери на успешни социјални претпријатија
-
Идентификување на општествени и еколошки предизвици како бизнис можности
Посебен акцент беше ставен на практична работа, при што учесниците работеа во групи и започнаа да развиваат сопствени идеи, базирани на реални предизвици во нивната заедница. Преку менторска поддршка, тие добија насоки како да ги структуираат своите идеи во одржливи бизнис концепти.
Работилницата значително придонесе кон зајакнување на претприемачките компетенции кај младите, поттикнувајќи критичко размислување, тимска работа и иновативен пристап кон решавање на општествени проблеми. Учесниците изразија високо задоволство од содржината и пристапот на работилницата, како и мотивација да продолжат со развој на своите идеи.
Оваа активност претставува важен чекор во подготовката на младите за учество на натпреварот за зелени бизнис идеи, каде тие ќе имаат можност да ги презентираат и унапредат своите концепти
.

Tags: