Во рамките на активностите за поддршка на млади претприемачи, на 03 Април, во просториите на greenhub4idea беше организирана и одржана  работилница посветена на дигиталниот маркетинг. Работилницата имаше за цел практична и теоретска подготовка на учесниците, со акцент на стекнување на клучни бизнис-компетенции потребни за претстојниот натпревар за бизнис идеи.
На оваа работилница учесниците беа запознаени со основите на дигиталниот маркетинг и продажните канали во современото деловно работење. Преку интерактивна презентација и дискусија, беа опфатени следните теми:
  • Видови дигитални продажни канали (социјални мрежи, е-пошта, онлајн продавници, огласување);
  • Важноста на таргетирање на вистинска целна група;
  • Основи на комуникација со клиенти преку дигитални платформи;
  • Практични примери на успешни маркетинг кампањи.
Потоа работилницата беше посветена на Бизнис канвас моделот (Business Model Canvas) – алатка која им овозможува на претприемачите структурирано да ја претстават и разработат својата бизнис идеја. Учесниците работеа практично, пополнувајќи ги деветте клучни сегменти на канвасот:
  • Клучни партнери, активности и ресурси;
  • Вредносна понуда;
  • Канали за дистрибуција и односи со клиенти;
  • Сегменти на купувачи;
  • Структура на трошоци и извори на приходи.
Работилницата придонесе кон изградба на практични вештини кај учесниците во областа на дигиталниот маркетинг и бизнис планирањето. Стекнатите знаења – особено разбирањето на продажните канали и способноста за работа со Бизнис канвас моделот – директно се применливи во подготовката на конкурентни бизнис идеи.
Учесниците излегоа со конкретни алатки и знаења кои ќе им помогнат да ги презентираат своите идеи на претстојниот натпревар за бизнис идеи на структуриран и убедлив начин.

Tags:

Leave a comment