Во рамки на активностите на GreenHub4Idea, се објавува јавен повик за ангажирање на 3 предавачи/ментори за одржување на по 2 менторски сесии во следните области:

🔹 Социјално претприемништво
🔹 Зелени технологии и одржлив развој
🔹 Дигитален маркетинг и брендирање

Избраните предавачи ќе реализираат:

  • по 2 интерактивни менторски сесии (работилници/консултативни средби)

  • Практична поддршка на млади учесници при развој на бизнис идеи

  • Насоки за унапредување на одржливи и иновативни концепти

Сесиите ќе бидат организирани во просториите на GreenHub4Idea (касарна)

Потребни квалификации

  • Релевантно образование или докажано практично искуство во областа

  • Минимум 3 години професионално искуство

  • Искуство во работа со млади, стартапи или граѓански организации

  • Комуникациски и фасилитаторски вештини

Потребни документи

  • Кратка биографија (CV)

  • Предлог-концепт за реализација на менторските сесии (до 1 страница)

  • Референци или портфолио (доколку има)

Рок за аплицирање:

до 08.02.2026год

Апликациите да се достават лично во просториите на Проагро Фармери или на proagrofarmeri@yahoo.com

Цел на повикот

Да се обезбеди стручна менторска поддршка за млади лица кои развиваат иновативни и одржливи бизнис идеи, со фокус на зелена економија и социјално влијание.

📌 Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Проектот е дел од: ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Македонија’, имплементиран од Младински Сојуз – Крушево, во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршка на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Македонија – ИПА програма за граѓанско општество 2022–2023.

Tags:

Leave a comment